Македонија
7. May 2019 - 16:30

Бројката на пациенти во болницата 8. Септември зголемена за 30% - Клинички прима само итни случаи

На скопските клиники денеска беа одложени 1736 здравствени услуги преку Мој Термин поради посетата на поглаварот на римокатоличката Црква. Медицинските лица беа на работните места и третираа само итни случаи. За пациентите беа отворени само Гинекологија и детска клиника.

- Пред влезот на скопските клиника има засилено полициско обезбедување и се пропуштаа само возила на Брза Помош. Сите прегледи преку мој термин се откажани.

Граѓаните ќе добијат дополнителни известувања за новите термини за прегледите и хируршките интервенции кои им беа одложени. И додека во Клиничкиот центар беше празно, зголемен обем на работа имаа болниците во Скопје. Во ГОБ 8-ми септември имаат за 30 проценти зголемен обем на работа. За период од 18 часа имале 351 пациент од кои повеќе од половина биле во Ургентниот центар.

-Појачани се екипите во Ургентен, како и тимовите во интернистичките амбуланти, но до сега немало инциденти. Имавме 43 ходпитализации, од нив кај 17 пациернти беа направени хируршки интервенции, вели др. Христијан Костов, директор на ГОБ 8-ми септември.

Минимално е времето за чекање во ординациите поради зголемениот број на доктори и сестри, велат од градската општа болница. Не се жалат ниту пациентите.

-Не чекав, завршив одма, си имав термин, велат пациенти.

Засилени медицински тимови има и во Клиниката за хируршки интервенции Св. Наум Охридски.

-Се организиравме, кај нас стигнуваат случаи од Скопје но и од други градови. Синоќа имавме незначително зголемувањ ена бројот на пациенти за околу 10 проценти, вели проф. Др. Иван Спировски, директор на Клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски.

По заминувањето на Папата, скопските клиники и останатите здравствени установи во Скопје ќе функционираат нормално и нема да има преупатување на пациенти.