Балкан
29. October 2018 - 22:39

Бродскиот сообраќај во Хрватска во прекин - Бранови високи 7 метри

Силен ветер, што предизвика бранови на отворено море високи и до седум метри, денеска го погоди јадранскиот брег на Хрватска.

Поради невремето во прекин се траект линиите од копното кон островите Вис, Хвар, Шолта, Брач, Корчула и Ластово.

Ветрот дувал со брзина од 50 до 60 километри на час.

Метеоролозите највуваат дополнително влошување на времето во текот на ноќните часови.

Во текот на ноќва се најавени ветрови со брзина и до 150 километри на час, како последица на приближувањето на студен фронт кој придонесува за зајакнување на југото.

Поради невремето на Јадранското Море, сплитското пристаниште Лора на Хрватската воена морнарица е подготвено да им помогне на цивилните бродови, соопшти МО на Хрватска.

Според хрватскиот метеоролошки завод, неизбежно ќе биде заплискување на крајбрежјето од бранови, кои можат да предизвикаат и поголема материјална штета.