Брнз: Наша основна цел е да ја видиме Македонија целосно интегрирана во ЕУ
Наша основна цел е да ја видиме Македонија целосно интегрирана во Европската унија и сета наша работа е во насока на поддршка на тој процес, изјави амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, зборувајќи на панелот „Југоисточна Европа: Зајакнување на мирот и соработката во кревка глобална средина“, на Самитот за Западен Балкан на „Економист“, што се одржува во хибриден формат денеска во Скопје.
Кога зборуваме за нашата врска со Македонија и останатите земји од Западен Балкан, нагласи Брнз, важно е да се истакне дека таа мора да биде базирана на солидарност и заедничка работа за предизвиците со кои се соочуваме сега, да ги направиме можностите за Западен Балкан, и партнерствата со ЕУ и САД.
Зборувајќи за партнерството во одбраната и како тоа може да се продолжи и во други делови од меѓусебната соработка, Брнз рече дека постојат многу важни работи кои може да се направат.
– Неодамна, со помош на САД бевме сведоци на договорот меѓу Естонија и Македонија за помош во развојот на правна рамка и патоказ за дигитализација. Естонија има големо искуство во е-влада и дигитализација на услугите, изјави Брнз.
Овие партнерства, посочи американската амбасадорка, ќе и помогнат на Македонија, не само во исполнување на нејзините цели за членство во ЕУ, туку и за подобри услуги за самите граѓани.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари