Брнз го поздрави постигнатиот успех на досегашниот парламентарен состав
По распуштањето на деветтиот парламентарен состав во историјата на Македонија, би сакала да го поздравам значителниот успех постигнат во минатите три години, напиша денеска американската амбасадорка Кејт Брнз, на фејсбук-страницата на Американската амбасада во Скопје.
Овој успех ги опфаќа, според Брнз, ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО, Преспанскиот договор и неговата доследна примена, Договорот за добрососедство со Бугарија, како и усвојувањето на законите за Агенцијата за национална безбедност, Законот за јазиците, измените на Законот за одбрана, Законот за заштита од и спречување на дискриминација, но и Законот за Јавното обвинителство.
– Овие постигнувања ја отсликуваат посветеноста на Македонија кон списокот реформи што се спроведуваат заради доброто на нејзините граѓани и заради нејзината сигурна трансатлантска иднина, истакна амбасадорката.
Ново на Сител
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија