Балкан
4. May 2018 - 10:50

Брнабиќ: Србија ќе биде присутна на Самитот во Софија

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија ќе биде присутна на Самитот ЕУ - Западен Балкан на 17 мај во Софија.

- Ние ќе ја искористиме секоја шанса која ни е пружена за да разговараме, да ги претставиме нашите решенија, изјави Брнабиќ.

Таа, исто така, оцени дека европските интеграции во регионот зависат повеќе од политичките отколку од структурните реформи, „колку и да се труди ЕУ да покаже дека не се во целост политички“.