Македонија
18. May 2022 - 9:24

Брнабиќ пристигна на скопскиот аеродром, пречекана од Маричиќ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на скопскиот аеродром ја пречека српската премиерка Ана Брнабиќ, која денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ и премиерката Ана Брнабиќ ќе разговараат на темите поврзани со напредокот во евроинтеграциите на двете пријателски земји, меѓусебната соработка и околу подготовките и активностите на Самитот на „Отворен Балкан“.

Премиерката на Србија, Брнабиќ ќе оствари и работна средба со премиерот на Северна Македонија, Ковачевски. По што, Брнабиќ заедно со Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на самитот што го организира „Македонија 2025“.