Брнабиќ: Од утре почнува масовна вакцинација на граѓаните во Србија
Српската премиерка Ана Брнабиќ најави дека утре во Србија ќе започне „масовна“ вакцинација на граѓаните против коронавирус, јави допсникот на МИА од Белград.
Брнабиќ изјави дека од утре ќе се вакцинираат просветните работници, припадниците на армијата и полицијата, како и новинарите.
Таа оцени дека претставниците на медиумите, особено медиумските работници кои се постојано на терен, биле вклучени во приоритетната група, на апел на медиумските здруженија, но и на барање на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Брнабиќ апелираше до сите да аплицираат во што поголем број.
-Веќе започнавме да ги покануваме лицата кои изразија интерес да бидат вакцинирани. Ве молиме, аплицирајте што е можно повеќе, колку побрзо и поефикасно го правиме ова, толку побрзо ќе се вратиме во нормалниот живот, изјави Брнабиќ, објавија од срската Влада.
Таа изрази очекување дека во здравствен смисол во текот на 2021 година, Србија ќе се врати на нормалниот живот пред пандемијата на коронавирусот.
Брнабиќ упати специјална молба до просветните работници да аплицираат за вакцинирање во што поголем број и изјави дека тоа е единствениот начин да им се овозможи што е можно подобро да ја завршат својата работа, истовремено заштитувајќи го своето и здравјето на нивните семејства.
Ново на Сител
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите