Брнабиќ: Нова ера во економските и политички односи меѓу Србија и САД
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека е отворена нова ера во економските и политичките односи меѓу Србија и САД и, гледајќи во историјата, таа не може да се сети на толку блиски односи.
Таа посочи дека во разговорите, посебна област биле инфраструктурата, каде е најголемиот проект „Автопат на мирот“ од Драч до Ниш, потоа гарантната шема за малите и средни претпријатија, се што е поврзано со „Мини Шенген“, условите за развој на стопанствто, инвестирањето од Меѓународната финансиска корпорација за развој на САД- ДФЦ во индустриски зони, земјоделството.
На прашањето дали се разговарало и за политички теми од договорот од Вашингтон, таа изјави дека најмногу се зборувало за економски точки, додавајќи дека подобриот економски живот на граѓаните може да овозможи дискутирање и за други прашања.
-Сега е на нас да покажеме колку сме подготвени побргу да имаме проекти и вистински идеи од нашите компании, изјави за РТС Брнабиќ, зборувајќи за соработката со Американската развојна финансиска корпорација (ДФЦ), која вчера отвори канцеларија во Белград, наведувајќи дека планираните планови опфаќаат повеќе милијарди долари.
Претседателот на Стопанска комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж оцени дека аранжманот со американската агенција за развој ДФЦ не се само заеми, туку „добар дел од таа финансиска поддршка се и грантови“, а досега се одржани разговори со триесетина компании од Србија.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка