Бизнис
18. May 2022 - 16:32

Брнабиќ-Ковачевски: Најавено инвестирање во железничката инфраструктура на Коридорот 10

Мир, стабилност и подобар животен стандард на граѓаните.Ова се приоритетите за кои ќе се залагаат премиерите на Србија и Македонија. Брнабиќ денеска беше во посета на Скопје и средба со Ковачевски, а заедно учествуваа и на Самитот Макеоднија 2025. Дадоа оценка дека со Отворен Балкан полесно ќе се надминуваат кризите.

Србија е трет најважен трговски партнер на Македонија. Размената меѓу двете земји надмина милијарда евра,  но уште повеќе ќе се продлабочува со инфаструктурните проекти – како што се изградба на брза железничка пруга меѓу Белград и Скопје. Нашата земја може секогаш да очекува помош од соседна Србија за предизвиците кои ќе следат, истакна премиерката Брнабиќ.

Креаторите на политиките имаат одговорност да обезбедат подобар стандард на своите граѓани. Напредок има, но процесот за приближување кон европскиот стандард е бавен, вели директорката Мојсовска.

Инаку, на Самиотот присустсвуваат политичари, бизнисмени, извршни директори, претставници од невладини организации и од дијаспората од 82 земји во светот.  Два дена ќе се дебатира како да се подобрат економиите, да се привлечат повеќе инвестиции и да се забрза економскиот раст.