Брнабиќ-Изминативе денови во Србија влезени граѓани заразени со коронавирус, се заоструваат казните
Српската премиерка Ана Брнабиќ на прес-конференција вечерва изјави дека од 14 март до 8 часот наутро, во Србија се вратиле околу 60.000 граѓани кои живееле и престојувале во странство, меѓу кои има и заразени со коронавирус.
-Во моментов, имаме конкретни информации дека во последните 48 часа во Србија се вратиле наши граѓани на кои во земјите каде што живеат им е потврдено дека се заразени со коронавирус. Дека тие практично со лекови ја намалуваат температурата, излегуваат од тие земји и доаѓаат овде. Нив директно ги ставаме или во апсолутна самоизолација со контрола или ги хоспитализираме, кажа Брнабиќ.
Како што истакна таа, ова е уште еден нов предизвик со кој се соочуваат одговорните.
-Патриотски би било да останеа во оние земји каде што се најдоа. Тие би биле третирани во оние земји каде што работат и плаќаат даноци, но таму се плаќа здравствената заштита, а кај нас оваа услуга е бесплатна, кажа Брнабиќ, додавајќи дека здравствениот систем на овој начин се оптоварува.
Таа изјави дека има примери на српски фудбалери кои, како што рече, имаат милиони договори во странски земји, и доаѓаат овде и не се во изолација.
-Ова е нешто со кое ќе се соочат нашите органи, додаде Брнабиќ.
Таа додаде дека на денешната седница на кризниот штаб е решено да се заострат мерките и санкциите.
-Со цел заштита на општата популација во Србија, за оние кои ја нарушуваат мерката за изолација од повратниците и се движат спротивно на препораките на надлежните институции, Владата на Србија и Министерството за правда имаат обезбедено три специјални објекти во Вршац, Пожаревац и Пирот, каде што ќе одат оние за кои ќе се открие дека ја нарушиле самоизолацијата, кажа Брнабиќ, додавајќи дека овие објекти ќе ги обезбедуваат затворските чувари и полицијата.
Покрај тоа, како што рече таа, ако некое лице зарази други лица и со тоа сериозно го наруши нивното здравје, може да биде осудено на казна затвор од 1 до 8 години.
-Ако и покрај забраната за движење зарази некого и му предизвика смрт, може да му биде изречена забрана од 2 до 12 години“, наведе Ана Брнабиќ.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари