Брнабиќ: Досега во Србија вакцинирани 45,3 отсто од полнолетните, но недоволно за колективен имунитет
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека 45,3 проценти од возрасната популација во Србија досега е вакцинирана против Ковид-19, но таа цифра не е доволна за колективен имунитет. Таа ги повика младите што побрзо да се вакцинираат.
– Со приемот на контингентот кинески вакцини, што пристигна утрово на аеродромот „Никола Тесла“, пристигнаа сите вакцини договорени со Синофарм – четири милиони, во согласност со договорот, изјави Брнабиќ која даодаде дека кинеските партнери направиле многу повеќе од договореното.
– Во моментов имаме дополнителни вакцини во Србија, сега со овој контингент од 250.000, за приближно уште 500.000-600.000 луѓе. Значи, во овој момент, за да не примиме друга дополнителна вакцина, имаме вакцина за вакцинирање 3.115.000 луѓе, рече Брнабиќ.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто