Балкан
13. December 2017 - 9:05

Брнабиќ: Целта на владата е стапката на невработеност да биде под 10 проценти

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ синоќа изјави дека српските граѓани идната година ќе живеат подобро во сите сегменти, и дека и натаму ќе се намалува стапката на невработеност и тоа на под 10 отсто.

Брнабиќ рече дека стапката на невработеност која сега изнесува 12 отсто и натаму е висока и дека намерата на Владата е идната година да биде на едноцифрено ниво.

Таа додаде дека оваа година најниската цена на работа е зголемена за 10 отсто, а од 1 јануари наредната година и неоданочениот дел на заработката ќе биде зголемен на 15 илјади динари од сегашните 11.790.