Брнабиќ: 2018 ќе биде многу поуспешна во евроинтеграцијата на Балканот
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска на средба со нејзиниот бугарски колега Бојко Борисов изрази надеж дека следната година ќе биде успешна за балканските интеграции во Европската унија.
- Постои големо пријателство меѓу Бугарија и Србија. Секако разговаравме за претстојното бугарско претседавање со Европската унија и за поддршката која таа и ја дава на Србија и на целиот западен Балкан за прием во Европската унија. Се надевам дека 2018 година ќе биде многу поуспешна во европските интеграции за целиот западен Балкан, изајви Брнабиќ.
Таа оцени дека односите меѓу Србија и Бугарија многу напредувале уште во мандатот на нејзиниот претходник Александар Вучиќ и дека за Србија е важна енергетската поврзаност во регионот и изградбата на гасоводни врски.
Во рамки на дводневната посета на Бугарија, како што јави МИА, Брнабиќ во Софија учествува и на меѓународна конференција „Посилни регионални интеграции на Балканот“, на која меѓу остатантите присуствуваат и македонскиот премиер Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателите на Црна Гора и на Косово, Филип Вујановиќ и Хашим Тачи, вицепремиерот и министер за трговија на БиХ Мирко Шаровиќ, како и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација