-->
-->
Бркотница во Скопје - Додека бегал од полицијата удрил три возила, три лица во болница
-->
По полициската потера, вчера околу 17.00 часот на булеварот „Александар Македонски“ полициски службеници го лишиле од слобода и привеле во Полициската станица Гази Баба, Н.Ќ.(36) од Скопје. Тој се сомничи за одземање патничко возило и предизвикување сообраќајна незгода.
Истиот ден околу 16.35 минути во полициска станица, С.Н.(46) од Скопје пријавил дека на улица „Даме Груев“ непознат сторител одзел возило „ауди А6“, сопственост на фирма од Скопје, кое тој го оставил со клучот внатре и со вклучен мотор.
Набргу потоа, возилото било забележано во близина на кејот на реката Вардар. Но, и покрај наредбата да застане, Н.Ќ. продолжил и со возилото турнал двајца полициски службеници и побегнал. Додека, третиот полициски службеник со службено возило „БМВ“ тргнал по него и успеал да го престигне. Притоа, на булеварот „Александар Македонски“, Н.Ќ. го запрел возилото и почнал да бега трчајќи, но набргу бил фатен и лишен од слобода.
Претходно, додека бегал со одземеното возило, Н.Ќ. удрил и оштетил три други возила („фолксваген голф“, „фиат пунто“ и „фолксваген голф 4“), како и службеното возило „БМВ“.
Со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „голф 4“, Д.М. и сопатникот во истото возило Ј.К., додека полицискиот службеник кој го лишил од слобода Н.Ќ. се здобил со тешки телесни повреди.
Тие биле пренесени во болницата „8-ми Септември “, каде им била укажана лекарска помош.
По целосно докуменитрање на случајот против Н.Ќ ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак