Македонија
24. May 2019 - 11:36

Бркотница на автопатот А-1 Гевгелија-Велес - полцијата приведе едно лице


На 23.05.2019 година околу 16,40 часот на автопатот А-1 Гевгелија-Велес, на исклучување кон Неготино, од страна на униформирани полициски службеници  било забележано патничко моторно возило со струмички регистарски ознаки , управувано од Д.В. од Гевгелија, за кое постоеле сознанија дека во него се превезуваат мигранти. Од возилото биле забележани како излегуваат пет мигранти ,  по што возачот го стартувал возилото и се исклучил на клучката кај Стоби, по што застанал. Совозачот во возилото Л.Б. (21) од Гевгелија е лишен од слобода, а петмината мигранти од Пакистан се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје.Известен е јавен обвинител.