Тенис
6. January 2019 - 18:48

Бризбејн: Нишикори победи дури во 10-тото финале!

Новата година конечно му донесе радост на Јапонскиот тенисер Кеј Нишикори и триумф на турнирот во Бризбејн.  Нишикорис со 2-1 во сетови славеше во финалето против Данил Медведев што е негова прва титула од февруари 2016-тата година.

          Интересно Јапонецот оттогаш играше дури 9 финалиња и сите ги загуби а по проблемите со повредите падна дури на 35. Место на АТП листата.

          Со игрите во Бризбејн Нишикори потврди дека е во одлична форма и без проблеми стигна до финалето на турнирот.