„Бритиш ервејз“ поради штрајк ги откажа речиси сите свои летови во Велика Британија
„Бритиш ервејз“ објави денеска дека ги откажала речиси сите свои летови во Велика Британија на првиот ден од штрајкот на пилотите.
– Немаме друг избор освен да откажеме скоро 100 проценти од летовите, соопштија од администрацијата на британската авиокомпанија.
Штрајкот може да погоди десетици илјади патници бидејќи компанијата обезбедува околу 850 летови дневно во Велика Британија, при што повеќето заминувања се од лондонските аеродроми Хитроу и Гетвик.
„Бритиш ервејс“ се соочува со штрајк на пилотите. откако минатата недела одби да ги продолжи разговорите со синдикатот „Балпа“. Пилотите претходно најавија штрајк за понеделник и вторник, како и на 27 септември, поради несогласувања околу платата.
„Бритиш ервејз“ не е единствената авиокомпанија која се соочува штрајк од незадоволниот персонал. Ирскиот „Рајанер“ најави штрајкот во септември, додека францускиот „Ер Франс“ се соочи со штрајк во 2018 година, пред да биде постигнат договор.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата