Британско разузнавање: Материјата со која бил отруен Скрипал била произведена во руска воена база
Британското разузнавање тврди дека супстанцијата, со која бил отруен поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал била произведена во руската воена научно-истражувачка база во градот Шихани, во Саратовската област, пишува денеска весникот „Тајмс“.
Британскиот весник коментира дека претставниците на британските служби ги информирале сојузниците на земјата за овој заклучок. Целта на специјалниот состанок била да се убедат светските лидери дека Русија е одговорна за труењето на Скрипал и оти хемискиот агенс „Новичок“ бил произведен во базата Шихани, во југозападната Саратовска област.
Британската воена лабораторија во Портон Даун во вторникот ги објави своите заклучоци според кои при нападот бил користен „Новичок“ или слична метерија, но и дека не успеала да го утврди нејзиниот извор.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација