Свет
13. April 2019 - 14:43

Британските пратеници се за екстрадиција на Асанж: Дајте им го, ако го бараат

Повеќе од 70 британски пратеници побарале од владата да се погрижи основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, да биде екстрадиран во Шведска, ако таа држава го побара тоа.
 
 
Пратениците пратиле писмо до британскиот министер за внатрешни работи, Саџид Џавид, во кое инсистираат да направи се што е во негова моќ Асанж да се најде пред лицето на правдата, ако шведските обвинители повторно го отворат случајот во кој тој е обвинет за силување, пренесува "AP". 
 
Шведска ја сопрела истрагата за обвиненијата против Асанж, бидејќи тој бил недостапен, односно, добил азил во амбасадата на Еквадор во Лондон.
 
Асанж бил уапсен во четвртокот и моментално се наоѓа во притвор.
 
САД побарале негова екстрадиција под обвинение дека се обидел да упадне во компјутерите на Пентагон, што тој демантирал и објавувал доверливи американски воени и дипломатски документи.