Македонија
4. March 2021 - 17:00

Британскиот сој детектиран и кај вториот пациент од Битола вратен од Занзибар

 Британскиот сој на вирусот е детектиран и кај вториот пациент од Битола кој пред неколку дена се врати од Занзибар, соопшти попладнево Министерството за здравство.

Во соопштението се наведува дека според анализите што денеска ги направило МАНУ детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2.

И кај првиот пациент, кој заедно со вториот патувале во Занзибар, беше детектиран британскиот сој на вирусот. Двајцата пациенти се хоспитализирани веднаш откако ги добиле првите симптоми.

Комисијата за заразни болести вчера предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата кои доаѓаат од сите африкански земји.