Свет
23. November 2015 - 14:54

Британскиот премиер ја понуди на Франција британската база „Акротири“

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави по средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз, дека е подготвен да  им ја обезбеди на француските вооружени сили британската база  „Акротири“ во Кипар за удари против Исламската држава, соопштуваат грчките медиуми. 

-Ние сме обединети со Франција во однос на целокупната закана, рече Камерон, истакнувајќи дека Лондон е подготвен да им обезбеди на француските сили користење на британската база во Кипар. 

Тој додаде дека оваа недела ќе се обиде да  ја забрза во парламентот одлуката за проширување на антитерористичките напади против Исламска држава. Пред тоа Дејвид Камерон рече дека очекува прво да добие поддршка од пратениците пред да поднесе одлуката за гласање.