Свет
26. January 2017 - 15:21

Британскиот Парламент ќе расправа за Брегзит на 31 јануари и 1 февруари

Британскиот Парламент на 31 јануари и 1 февруари ќе расправа за отпочнување на процедурата на излез на Велика Британија од Европската Унија, соопшти денеска британската Влада.

Владата денеска го објави и предлог законот упатен до Парламентот, врз основа на кој премиерката Тереза Меј ќе може да ја почне постапката на Брегзит. 

За ова во Парламентот ќе се расправа уште три дена, меѓу 6 и 8 февруари, пренесуваат британските медиуми.

Претходно неделава, Врховниот суд на Велика Британија одлучи дека за активирање на член 50 е потребно Владата и премиерката Тереза Меј да добијат одобрение од Парламентот.