Свет
9. August 2021 - 8:25

Британскиот министер за здравство се пожали на неоправдано високите цени на ПЦР тестовите во земјата

 Британската агенција за конкуренција денеска соопшти дека ќе ги испита цените на тестовите за Ковид-19 воведени од владата за патниците, откако министерот за здравство Саџид Џавид се пожали дека скапите тестови спречуваат одредени луѓе да одат на одмор.

ПЦР тестовите,што се неопходни за повеќето патници, чинат во просек околу 75 фунти, што е 300 фунти за четиричлено семејство, но многу компании наплатуваат значително повеќе. Цените што ги наведенуваат фирмите што се на листата на официјалниот сајт на британската Влада се движат од 17 до 250 фунти.

Џавид вчера кажа дека побарал од Агенцијата за заштита на конкуренцијата и пазарот да ја сузбие „неоправданата пазарна пракса“.