Британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан утре во Македонија
Внатрешно политичките состојби и реформската НАТО и ЕУ агенда во Република Македонија и подготвителните активности поврзани со успешна реализација на референдумот на 30 септември ќе бидат дел од темите за кои утре во Скопје ќе разговараат министерот за Европа и Америка во британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан и неговиот домаќин Никола Димитров.
Сер Алан Данкан и Димитров, како што соопшти МНР, ќе се осврнат и на регионалната соработка, британскиот ангажман во рамките на Берлинскиот Процес, преговорите меѓу ЕУ и Обединето Кралство околу Брегзит.
Посетата на Министерот Данкан претставува уште една потврда за зголемениот интензитет на политичкиот дијалог меѓу двете земји изминатава година, особено по историската посета на британската премиерка, Тереза Меј на Република Македонија на 17 мај, нагласува МНР.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност