Свет
10. July 2019 - 17:39

Британскиот амбасадор во САД поднесе оставка

Британскиот амбасадор во САД Ким Дерок, кој ја критикуваше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, поднесе оставка.

Во оставката амбасадорот напиша дека станало невозможно повеќе да ја извршува функцијата.

Одлуката за неговата оставка ја потврди британското Министерство за надворешни работи.

Трамп завчера порача дека „повеќе нема да има работа“ со британскиот амбасадор Дерок, кој оцени дека администрацијата на Трамп е „дисфункционална и неспособна“.

– Не го познавам амбасадорот, но за него не мислат добро во САД и не им се допаѓа. Нема да имаме повеќе работа со него, напиша Трамп на Твитер.