Македонија
29. January 2020 - 21:41

Британски совети за полесна интеграција во НАТО

Министерката за одбрана очекува пратениците да дадат зелено светло за законот за одбрната пред да се распушти Собранието. Според неа  законот е еден од приоритетите со оглед на тоа дека земјава одбројува до членство во НАТО. Шеќеринска оцени дека вестите од Шпанија за ратификација на протоколот, се позитивни.

Паралелно земјава ги прави последните подготовки пред приклучувањето кон алијанста. За таа цел министерството за одбрана во соработка со делегацијата на Велика Британија во НАТО оддржаа работилница за пренесување на искуствата и најдобрите практики.

Ова е само една од сесијата работилници, која ги најави министерката. Британски тим веќе работи со припадниците на АРМ на Криволак.