Loading Video...
Свет
3. October 2021 - 16:33

Британски САН: Велика Британија ќе гради центар за азил во Албанија

Велика Британија ќе гради центар за азил во Албанија, објави британски САН.

Според весникот, официјалните претставници на Лондон и Тирана сега работат на прецизирање на деталите, како што се точната локација и капациетот. Во центарот, според пишувањата, на САН ќе бидат сместени илегалните мигранти  кои со мали бродови од Франција ќе се обидат да го минат опасниот канал Ла Манш за да стигнат во Велика Британија, а ќе останат таму додека се разгледуваат нивните апликации за азил.