Свет
26. May 2016 - 14:42

Британски неонацисти под истрага во Германија

Германските власти покренале истрага за британска десничаркса група, чии членови користеле нацистички поздрав во Германија. Истрагата започнала откако групата на социјалните медиуми објавила фотографија на која се гледа како го изведуваат поздравот „Хајл Хитлер“ во поранешниот концентрационен камп „Бухенвлад“. 
 
Фотографијата објавена од весникот „Билд“ предходно била поставена на вебсајтот на организацијата „Национална акција“, а на неа се гледа како двајца членови на британска ннеонацистичка група го веат своето знаме во подрумот на крематориумот во Бухенвалд.
 
Портпаролот на Мемеријалниот центар Сандра Зигмунд вели дека по добиената информација за иннцидентот  до полицијата била испратена официјална пријава против британските неонацисти.
 
Во логорот Бухенвалдво периодот од јули 1937 до април 1945 година биле убиени околу 56.000 луѓе или повеќе од една петина од сите заробеници.