Македонија
3. July 2016 - 17:06

Британски „Мирор“: Величествената Македонија - неоткриена европска дестинација

Величествената Македонија,  една од неоткриените убавини во Европа. Со овој наслов британски Мирор ја опишува  земјава и ја препорачува како топ туристичка дестинација. Македонија се најде повторно на насловна страница на светски познатите портали.Лора Милор по деседневен престој, пишува статија преку која со слики раскажува за многуте историски и природни убавини кои треба да се посетат во Македонија.

 9 часот наутро, се наоѓам во едно од кафулињата на кристално чистото Охридско Езеро. Ми препорачаа да пробам рибја чорба за доручек. За една недела престој во Македонија до сега пробав печени полжави, пита исечена на парчиња и големи колбаси. И овојпат си реков кога е во прашање Македонија целосно очекувам чинија полна со рибји глави и опашки “. Но, ми донесоа прекрасен оброк подговен од свежо уловена риба и сето тоа ме чинеше помалку од 1, 2 фунти, стои во статијата на Мирор.

Репортерката истакнува дека веројатно најпопуларното туристичко место за кое што  никогаш не слушнала. Ја објаснува географската местоположба на Охрид и вели таму доаѓаат илјадници туристи од цел свет да уживаат во прекрасниот Охрид кој е заштитен од Унеско и преполн со православи цркви меѓу кои и Свети Јован Канео.

Лора Милор пишува, во Македонија има над 50 езера, три огромни национални паркови и неколку региони со грозје. Од него се произведува феноменално но и навистина евтино вино.

За СКопје, родниот град на Мајка Тереза вели ја потсетува на Лас Вегас.

Телоп -  Има прекрасни стари населби, а најмногу сакав да шетам во Старата чаршија. Лавиринт од камени улици со кафулиња, примамливи пекарници и продавнички. Но, пред пет години, Владата го разубави градот кој во 1963 година беше уништен од земјотрес. Изградиле статуи на најголемите личности  од македонската историја, како Александар Велики и Кралот Филип Втори. На само 20 минути од главниот град, се вратив назад во природа. Отидов во кањонот Матка. Прекрасно место кое го „сече“ реката Треска, каде се наоѓаат десетици пештери. Патував со чамец до пештерата Врело. Милор се воодушевува и на прекрасниот поглед  на езерото  Козјак. 

За време на престојот репортерката отседнува неколку дена  како што вели, во  градот на културата Битола со многубројните историски важни објекти и споменици.

Статијата на Мирор завршува со констатација- можеби е опколена само со копно, но има огромна историја, вкусна  храна и одлична забава во оваа балканска земја. Патувањето низ Македонија е одличен начин за да се запознае оваа фасцинантна, но потценета земја пишува Лора  Милор во својот патепис. Таа на читателите им препорачува да дојдат од мај до јуни кога времето е топло, посочува хотели за престој, каде да јадат и што се да видат.Како извор да осознаат повеќе за МАкедонија го наведува и туристичкиот водич портал Истражи ја Македонија.