Свет
18. February 2016 - 10:16

Британски ловци пресретнаа руски бомбардери

Британски ловци „тајфун“ пресретнаа два руски бомбардери Ту-160, кои се приближиле до британскиот воздушен простор, јави ТАСС.

Пресретнувањата на руските авиони од НАТО зачестија изминатата година поради зајакнатите тензии меѓу Москва и Западот поради кризата во Украина.

Ловците полетале од базата Конингсби во грофовијата Линколншир, изјави портпаролот на британското Министерство за одбрана. 

Руските бомбардери не навлегле во британскиот воздушен простор, туку се приближиле.

Телевизијата Скај њуз јави дека тие летале над Северното Море во насока кон југ, придружувани од британските ловци.