Македонија
16. October 2019 - 17:46

Британски и италијански потпис за НАТО членството на Македонија

Протоколот за НАТО доби зелено светло и во Италија и Британија. По куса и позитивна дебата италијанските сенатори го усвоија протоколот, со едногласна констатација дека членство на Македонија во Алијансата ќе му донесе на регионот поголема стабилност и безбедност.

И Велика Британија денеска го ратификуваше пристапниот проткол. Информацијата на Твитер ја сподели шефот на британската дипломатија.

Со нетрпение очекувам земјата да се приклучи на Алијансата и да учествува на состанокот на лидерите на НАТО во Лондон за да придонесе за меѓународиот мир и безбедност, напиша на социјалните мрежи Доминик Раб.

На својот фб профил министерката за одбрана Шекеринска се заблагодари на двете земји. Со последниве ратификации, вкупно 24 од 29 земји го усвоија протоколот. Се очекува протоколот утре да биде ставен пред француските сенатори, а наскоро за него да се гласа и во холандскиот сенат. Процедурата на ратификација без проблеми треба да се финализира во Исланд и сенатот на САД. Сепак, останува Шпанија каде поради претстојните ноемвриски избори ќе се одложат сите парламентарни активности. Ова значи дека, иако беше очекувано, Македонија нема да стане полноправна членка на НАТО на самитот во Лондон закажан за трети и четврти декември, туку наредната година.