Свет
3. December 2015 - 8:55

Британски авиони започнаа во напади врз ИД во Сирија

Британскиот Парламент доцна синоќа со големо мнозинство одобри учество на авиони на Кралското воено воздухопловство (РАФ) во напади врз позициите на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, по што во текот на ноќта британски бомбардери од типот Торнадо ги извршиле првите бомбардирања врз цели на сириска територија.

- Ги извршивме првите напади во Сирија, соопшти утрово претставник на британската Влада.

Тој информира дека авионите полетале од британската база „Акротири“ на Кипар и по завршената мисија безбедно се вратиле насад, без да прецизира во кои делови на Сирија ги извршиле нападите. 

Инаку, синоќа за барањето на Владата за проширување на мандатот на РАФ со воздушни напади врз ИД на сириската територија, како што тоа од минатата година се прави во Ирак, гласаа 397 пратеници, а против беа 223 членови на Долниот дом на Парламентот.

Веднаш по гласањето британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд изјави дека почетокот на нападите ќе се случи „што е можно побрзо“.

Лондонските медиуми уште синоќа јавија дека осум британски борбени авиони во базата „Акротири“ се наоѓаат на „стенд бај“ и се подготвени за акција, 

Пред синоќешното гласање, повеќе од десет часови траеше дебатата во Долниот дом за владиното барање.

Премиерот Дејвид Камерон побара од пратениците да го подржат владиното барање за воздушните напади врз ИД во Сирија, прикажувајќи ги џихадистите како „средновековни чудовишта“.

Камерон ги уверуваше пратениците дека станува збир за легална акција и дека таа ќе помогне за поголема безбедност и во самата Велика Британија.

Лидерот на опозицијата Џереми Корбин се спротивстави на воздушните напади врз џихадистите, предупредувајќи дека тие можат да бидат вовед за нова војна, но тој пред дебатата им дозволи на своите пратеници да гласаат според „сопственото уверување“, а не врз основа на партиската лојалност.

Дури 67 лабуристички пратеници гласаа за поддршка на владиното барање.

Министерот за надворешни работи во Кабинетот во сенка на лабуристите, Хилари Бен силно ја подржа Владата, наспроти заложбите на неговиот партиски лидер, предизвикувајќи аплауз од конзервативните пратеници.

Подршка за воздушните напади врз џихадистите во Сирија дадоа и поранешните лабуристички министри Ален Џонсон, Ивет Купер и Маргарет Бекер, но против гласаше доскорешниот партиски лидер Ед Милибанд.

Против бомбардирањето глсаше и целата пратеничка група на Шкотската нациоална партија (СНП), чиј лидер во Долниот дом истакна дека согласноста на Парламентот може да доведе Сирија „да прерасе во нов Ирак или Либија од пред 4,5 години“.