Свет
14. July 2020 - 10:52

Британската влада инвестира во истражување за нова нуклеарна технологија

Британскиот министер за економија Надим Захави рече дека напредните модуларни реактори се следниот чекор во нуклеарната енергија и би можеле да бидат клучни во борбата против емисиите на јаглерод и климатските промени.

„Нашата инвестиција веднаш ќе создаде нови работни места во Оксфордшир, Чешир и Ланкашир, но илјадници нови работни места би можеле да се создадат во наредните децении, рече Захави.