Свет
24. September 2020 - 9:42

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на речиси 128 милиони долари, а пронајден е во пристаништето Довер на југоистокот на Англија, пренесува „Ројтерс“.

Уапсени се мажи на возраст од 40 и 64 години, кои се осомничени за увоз на дрога од класа А, а полицијата ја открила дрогата со дешифрирање на пораките на организаторите. 

„Оваа операција спречи големи количини кокаин да завршат на улиците“, изјави еден инспектор.