Свет
30. March 2018 - 22:05

Британската полиција влегла во руски авион

Авион на руската компанија Аерофлот бил претресуван од британските власти на аеродромот Хитроу во Лондон, без да дадат никакво образложение за тоа, изјавија извори од таа компанија.

- Британската страна не даде основа за пребарување на авионот, вели неименуван извор.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи  Марија Захарова вели дека на екипажот на рускиот авион не му било дозволено да присуствува на претресот, информираат руски медиуми.