Свет
29. November 2016 - 9:43

Британската полиција го доби ДНК примерокот на Асанж за истрагата

Британската полиција зема ДНК примерок од основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, кој треба да му помогне на шведското обвинителство во истрагата која се води против него за силување, соопштија официјални претставници.

ДНК примерекот од 45-годишниот Асанж е земен во амбасадата на Еквадор, каде тој престојува од 2012 година, кога од оваа земја побара азил со цел да избегне екстрадирање во Шведска, која го бара поради силување.

- Асанж покажа документ во кој веќе и предал ДНК примерок на британската полиција. Шведска сега ќе го побара тој примерок, истакна претставник од амбасадата, нагласувајќи дека еквадорски обвинител до средината на следниот месец ќе им испрати на шведските власти официјален транскрипт од сведочењето на Асанж на 14 ноември.

Асанж демантира дека извршил силување и стравува дека шведските власти би можеле да го екстрадираат во САД.