Британската економија на работ на стагнација заради Брегзит
Британската економија во октомври имала најслаб раст во последните речиси седум години заради неизвесноста која го следи излегувањето на Велика Британија од Европската унија и слабото глобално опкружување, информира статистичката служба ОНС.
Британскиот БДП во октомври се зголемил за 0,7 отсто на годишно ниво, што е најслаб резулат од март 2012 година кога земјата заздравуваше од глобалната економска криза.
Најслаби резултати се забележени во индустријата и градежниот сектор, покажува извештајот на статистичката служба.
Во ОНС воедно напоменуват дека приближувањето на дотогаш зацртаниот датум за излез од ЕУ, крајот на октомври, најверојатно го поттикна растот на извозот и увозот во тој месец, иако поскромно отколку пред првично планираното излегување во март.
Во тримесечниот период, заклучно со октомври, економијата стагнираше во однос на претходните три месеца, информира ОНС.
Несигурноста во бизнис заедницата веројатно ја засили и распишувањето на предвремените избори, за 12 декември, шпекулираат британските медиуми.
Премиерот Борис Џонсон ги повика избирачите да го поддржат неговиот договор за Брегзит, тврдејќи дека разбивањето на блокадата во парламентот „ ќе отвори бран од вложувања“.
Бизнис заедницата е поделена пред изборите стравувајќи дека победата на ториевците можеби ќе значи хаотичен Брегзит, а со тоа и отежнато бизнис работење со ЕУ. Лабуристите, пак, им најавуваат повеќе даноци и национализација на економските сектори, потсетуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина