Свет
12. јуни 2020 - 10:43

Британската економија има три пати поголем пад сега, отколку за време на економската криза во 2008 година

Бруто домашниот производ (БДП) на Велика Британија во април се намали за 20,4 проценти на месечно ниво, поради ограничувањата воведени поради Ковид-19, сooпшти британскиот Завод за статистика.

Ова е најголем пад на БДП во Велика Британија, откако започна да се води месечна статистика во 1997 година.

Во март  месечниот пад на БДП беше 5.8 проценти. Април беше првиот месец со целосен карантин во Велика Британија, откако воведоа рестриктивни мерки на 23 март. Колапсот на економијата  во Велика Британија во април е трипати поголем од економската криза во 2008-2009 година.

Во текот на  тримесечниот период од февруари до април, БДП во Велика Британија опадна за 10,4 проценти во одност на минатите три месеци, соопштуваат од Канцеларијата за национална статистика.

Банката на Англија и Канцеларијата за буџетска одговорност предупредуваат дека Велика Британија би можела оваа година да ја забележи најдлабоката рецесија во последните три века.