Балкан
16. September 2016 - 8:39

Британската Амбасада во Турција затворена поради безбедносни причини

Амбасадата на Велика Британија во Анкара денеска ќе биде затворена поради безбедносни причини, соопшти Амбасадата

Како и поголемиот број на дипломатски мисии во Турција и Британската амбасада беше затворена за конзуларни работи за време на празникот Курбан Бајрам, кој почна во понеделникот, но беше планирано денеска да почне со работа.

И Амбасадата на Германија во Анкара соопшти дека мисијата до денеска ќе „работи со ограничени капацитети“ и „ќе остане затворена за јавност“. Весникот „Билд“ објави дека поради страв од напади нема да работат ниту германските училишта во Турција.

Турција годинава беше цел на низа напади од џихадистичките и курдските екстремисти, а амбасадите повремено беа затворани поради безбедносни причини.