Свет
11. January 2018 - 13:56

Британија нема да одржи втор референдум за ЕУ

Нема да има втор референдум за членството на Велика Британија во Европската унија, соопшти  денеска портпарол на премиерката Тереза ​​Меј, како одговор на зголемените повици за ново гласање за Брегзит.

Претходно, водачот на кампањата за Брегзит, Најџел Фараж, рече дека се загрева идејата за одржување втор референдум, тврдејќи дека повторно ќе победи опцијата „Напушти" и ќе се прекине дебатата.

Многу проевропски поддржувачи, исто така, поддржуваат уште едно гласање, велејќи дека Британците не ги добиле сите информации на првиот референдум и дека јавното мислење се менувало.