-->
-->
Британија инвестира 1,6 милијарди долари во суперкомпјутер за климатски прогнози
-->
Британската Влада планира да инвестира 1,6 милијарди американски долари за создавање на најмоќниот суперкомпјутер во светот за да обезбеди попрецизни прогнози за времето и за климата.
Новиот суперкомпјутер ќе помогне попрецизно да се предвиди невреме, да се изберат најсоодветните локации за објекти за заштита од поплави и да се предвидат глобални климатски промени.
Исто така, ќе се обезбедат подобри временски прогнози за аеродромите, како и подетални информации за енергетскиот сектор.
Сегашните суперкомпјутери на британската метеоролошка служба ќе бидат во употреба до крајот на 2022 година.
Воведувањето на новиот суперкомпјутер ќе ја зголеми шест пати компјутерската моќ достапна на британските метеоролози, соопшти Владата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот