Свет
23. March 2016 - 8:27

Британија им препорача на своите граѓани да не патуваат во Брисел

Форин офисот им препорача на британските граѓани да не патуваат во Брисел по вчерашните напади.

– Белгиските власти сега советуваат да не се патува до Брисел. Ние ве советуваме да ги следите препораките на белгиските власти за безбедност, се вели во соопштение на британското МНР.

Во нападите во Брисел се ранети двајца Британци.

Портпарол на премиерот Дејвид Камерон изјави дека британски тим е испратен во Белгија за да помага во истрагата.

– Никогаш нема да оставиме терористите да победат, изјави премиерот Камерон по итната седница на владата свикана по нападите во Брисел.