Живот
19. јуни 2017 - 10:14

Британец облечен како терорист предизвика паника на Хвар

Само две седмици по последниот теористички напад во Велика Британија, еден Британец се прошета низ јадранскиот остров Хвар, облечен како терорист.

На себе, тој имаше лажен бомбашки елек, а во рацете носеше пластична пушка, па со својата појава предизвика паника меѓу присутните. 

Фотографијата од забрадениот Британец, кој се шета низ хварските кафулиња, на Твитер ја постави загрижената туристка Ешли Коуви.

Лажниот терорист никој од присутните не го пријавил в полиција, но надлежните се во потрага по него и разговараат со луѓето кои се нашле во близина.