Македонија
12. May 2021 - 11:34

Брисевите од заразениот македонски војник испратени во МАНУ

Утрово во 5.30 часот, македонскиот војник заразен со Kовид 19 од Африка со посебен транспорт стигна во земјата и веќе е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести.  Тој е во добра општа состојба и малку уморен од патот, потврди директорката на Инфективна Милена Стевановиќ во утринското гостување во Магазин Здравје на Сител ТВ. –Не очекувам развој на потешка клиничка слика имајќи во предвид од кога е позитивен на вирусот. Брисевите веќе се испратени, иако во разговорот со него при епидемиолошката анкета мала е веројатноста да станува збор за јужноафриканскиот сој но сепак ќе ги почекаме анализите. Тој во моментот има уреден клинички статус, нема температура, нема некое респираторно засегање и јас се надевам дека така и ќе остане, вели Милена Стевановиќ, директор на Клиника за инфективни болести.

Инаку, македонскиот војник со авион за медицинска евакуација обезбеден во ЕУ беше транспортиран во нашата земја, бидејќи во базата во Централноафриканската република каде што бил на мисија немало услови за соодветен медицинск итретман доколку дојде до влошување на состојбата.

Сања Димитровска