Брисел: Сега е Лондон на потег околу Брегзит
Претставник на Европската комисија изјави дека Брисел е подготен да ги обнови преговори со Лондон за британското напуштање на Европската унија, но дека на потег сега е Велика Британија.
Изјавата доаѓа откако вчерашните разговори меѓу британската премиерка Тереза Меј и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер завршија со неуспех, што ги зголеми стравувањата дека е можно Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор за уредување на нивните натамошни односи.
- Немам што да кажам за Брегзит. Шоуто сега е во Лондон, изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас на денешната прес конференција во Брисел.
Ова беше трета средба меѓу Меј и Јункер во рамките на преговорите за Брегзит.
Велик Британија бара од ЕУ следната недела да влезе во нова фаза од преговорите, но европските претставници велат дека досега не е постигнат доволен напредок.
Главно прашање што се отвори меѓу двете страни е статусот на границата меѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска.
Ново на Сител
-
Опозицијата поднесе закон за поништување на законот за попис
-
И Фридом хаус детектира широко распространета корупција и неказнивост
-
Младите од Македонија и Грција градат соработка по примерот на Франција и Германија по Втората светска војна
-
Серија земјотреси го погодија грчкиот град Лариса
-
Обновена спомен-собата на Крсте Мисирков во Институтот за македонски јазик
-
Дали во Македонија пристигна јужноафриканската мутација?
-
Трет ден попис во Македонија: Пријавени над 11.000 граѓани
-
Владата го усвои концептот за основно образование