Македонија
29. January 2016 - 17:01

Брисел бара почитување на договорот наместо навреди кон Хан

Во Европската комисија се шокирани од односот на опозициската СДСМ и нејзините членови во Македонија кон еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.
 
Навредите, пцостите и заканите кон еврокомесарот, па дури и подготовка на протести при неговото следно доаѓање што е поддржано на социјалните мрежи и од Специјалната обвинителка Катица Јанева, непријатно го изненадува официјален Брисел. Еврокомисијата е зачудена и од иницијативата на СДСМ Брисел да испрати друг олеснувач во преговорите на местото на еврокомесарот за преговори за проширување.
 
Портпаролката на Јоханес Хан, Маја Коцијанчич, во изјава за МИА официјално побара политичките партии во Македонија да се однесуваат конструктивно и да обезбедат веродостојни и демократски предвремени парламентарни избори што според договорот од Пржино се закажани за 24 април.
 
-Европската комисија повика повеќе пати дека е од најголема важност на партиите да го спроведат политичкиот договор што тие го постигнаа заедно минатиот јуни и јули. Конструктивна соработка помеѓу сите страни е од суштинско значење за да се осигураат веродостојни и демократски избори. Комесарот Хан очекува, во интерес на државата и на народот, сите партии да работат на постигнување на оваа цел – порача портпаролката Коцијанчич.