Македонија
7. October 2022 - 8:22

Брифинг за почетокот на градежните работи на двете железнички делници на Коридор-8

– Во просториите на Дирекцијата на ЖРСМ Инфраструктура денеска брифинг ќе одржи директорот Хари Локвенец, на кој ќе го најави почнувањето на градежните работи на двете делници на Коридор 8.

Едната делница е Куманово-Бељаковце, а изведувач на работите е компанијата Штрабак, и втората делница Бељаковце – Крива Паланка, каде изведувач на работите е компанијата Ѓуљермак.

Ќе се прави и реконструкција на делницата Неготино – Ногаевци од Коридор 10, а изведувач на работите е исто така компанијата Штрабак.