Македонија
12. September 2017 - 13:49

Брглез: Мора да се забрза интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО

Неопходно е Република Македонија да направи похрабар чекор во насока на евроинтеграцииите. Стабилноста на регионот ќе биде поголема доколку сите земји кои произлегуваат од поранешна Југославија станат дел од тие интеграции, истакна во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание, претседателот на словенечкиот Државен збор Милан Брглез. 

Односите меѓу Македонија и Словенија се пријателски и добри, а Љубљана, потенцира тој, го поддржува економскиот и политичкиот развој и евроинтеграцискиот процес на Република Македонија. 

- За жал во меѓународната заедница постојат чинители кои ги забавуваат евроинтеграциските процеси, а Словенија се труди да ги забрза. Според Брзлек, клучен фактор што го забавува евроинтеграцискиот процес на Македонија е расколот во Европската унија помеѓу Истокот и Западот. Тој е побитен од излегувањето на Велика Британија од ЕУ, истакна Брглез. 

Уште еднаш и се заблагодари на Македонија за справувањето со мигрантската криза.
 
- Тоа што го направи Република Македонија за останатите држави на Балканскиот пат и за земјите од ЕУ, заслужува целосно признание, а не вакво попречување какво што го чуствува сега. Словенија ќе стори се да ви се вратите на вашиот пат кон НАТО и ЕУ, посочи Брглез.
 
Економските односи се добри, но треба уште повеќе да се развиваат.
 
- Потојат уште многу неискористени можности, рече Брзлек кој смета дека Македонија треба да учи од искуствата на Словенија. 
 
Денешните разговори во Скопје потврдиле, според него, дека Македонија и Словенија делат заеднички погледи во бројни подрачја. 
 
Словенија меѓу првите ја призна Македонија под уставното име, а годинава се одгбележуваат 25 години од дипломатките односи.