Loading Video...
Ракомет
9. November 2018 - 14:45

Брестовац: Спортинг не нè надигра

 
Иако се „остреа“ на нова победа ракометарите на Металург повторно се поразени во меч од 7.коло на Ц групата. 
 
По минатонеделниот триумф над Чеховски Медведи, тимот од Автокоманда, се надеваше на втора победа во елитното натпреварување, но и овојпат избраниците на Брестовац имаа сили за само едно полувреме, а по непишано правило тоа беше првото. Го добија металурзите првиот дел против Спортинг Лисабон со 18:17, но во вториот дел примија дури 14, а постигнаа само шест гола, па со конечни 24-31 победата ја однесе португалската екипа, а Металург го претрпе и шестиот пораз во Лигата на шампионите. 
 
“Спортинг нè не надигра. Ние добро се подготвивме за нив. За мене, Спортинг има една од најубавите игри во нашата група во Лигата нашампионите. Покрај Силкеборг, Спортинг игра најубав ракомет и задоволство ми е кога играме против овој тим. Кај нас денеска проблемот беше во реализацијата. Ниското ниво на агресивност во одбраната исто така имаше свое влијание на конечниот епилог. Млада екипа сме, но мораме да бидеме агресивни. Имаше моменти кога добро делувавме на теренот, но на крајот пресуди реализацијата која беше на очајно ниво, особено во второто полувреме. Ако барам причина за лошата реализација тогаш би можел да ја најдам во играњето на трет натпревар во период од само пет дена. За следниот натпревар имаме девет дена за подготовки и со тренинзите почнуваме веќе од утре. Ќе имаме доволно време да се подготвиме, но ќе мораме да ги отстраниме проблемите. Имаме убава игра, но треба да продолжиме. Треба да ги уиграме и новите момци. Сепак, имаме многу дупки, но и доволно време за да ги пополниме“, изјави по мечот тренерот на металурзите, Данило Брестовац. 
 
Следен меч за Металург во Лигата на шампионите е гостувањето во Турција кај Бешикташ за осум дена (17 ноември)