Loading Video...
Ракомет
15. April 2019 - 18:53

Брестовац: Со трите бода против Исланд избивме на пол-позиција

Македонската ракометна репрезентација оствари уште еден добар резултат против Исланд. По победата во Рејкјавик во Скопје резултатот беше нерешен 24-24.  Сепак иако испуштивме уште една победа против „рибарите“ селекторот Данило Брестовац по мечот беше задоволен од бодот за кој рече дека вреди како победа и не носи блиску до првото место во квалификациската група за ЕП:

„Мечот во Скопје за нас има позитивни и негативни работи. Позитивните се дека докажавме дека можеме да се вратиме во игра. Ракометарите без разлика на стари и млади покажаа ментална стабилност. Да бидам искрен тоа мене ме радува. Сè уште сме во игра за првата позиција. Среќен сум на овие три бода, бидејќи пред мечевите со Исланд бевме во тешка ситуација, а сега сè е во наши раце. Ако одиграме добри натпревари против Турција и Грција, првото место во групата е наше“, рече селекторот. 

Македонија по четири одиграни кола во квалификациската група има скор од две победи (Исланд и Турција) пораз од Грција и реми со Исланд.